Saturday, March 24, 2012

МЕСЕЧИНА, РОМАНТИКА И ЧЕКОР КОН ВСЕЛЕНАТА


Месечина, романтика, и чекор кон вселената.Отсекогаш опејувана. Неколку такви примери, на нејзино спомнување во насловите или содржината на поипуларните песни.



Echo & the Bunnymen - “The Killing Moon”

Песнава е снимена 1983 на албумот Ocean Rain . Пеачот Ian McCulloch инсистирал таа да биде снимена во Париз ( од нему знаени причини, наведувајки една особено значајна - дека таму би звучела најдобро), но групата имала обврски во тоа време, па снимањето сепак не е направено во Франција, туку во Ливерпул. Сепак тој отсекогаш ја наведувал оваа песна како најдоброто што го напишал во својот опус





Ozzy Ozzbourne - “Bark At the Moon”

Насловна песна од албумот од 1983 година, негов трет самостоен. Видеото е снимено како дел од домашен филм, подоцна трансформирано во видео, со учество на гитаристот Jake E. Lee,басистот Bob Daisley,тапанерот Tommy Aldridge и клавијатуристот Don Airey .


Frank Sinatra - “Fly Me to the Moon”

Ова е џез стандард, песна напишана 1954. Иако ја снимале многу познати како Johnny Mathis, Perry Como, Dinah Washington, сепак најпознатата (ако сакате - најпопуларната ) верзија е оваа со Frank Sinatra снемена 1964. Не само што ова видео докажува дека песната е безвременска, туку и дека Sinatra е едноставно еден од најголемите. Патем неговата верзија членовите на вселенската мисија Аполо10 спуштајки се на месечината ја пуштале во својот вселенски брод.



Police - “Walking on the Moon”

Пример како пијанството може да биде полезно ( но не секогаш препорачливо ). По една "здрава" пијачка 1979 со германскиот авангарден композитор Eberhard Schoener, Sting се вратил во својата хотелска соба ама бајаги потпијанет.Обидувајки се колку толку да се растрезни одел во круг низ собата пеејки си "walking round the room, walking round the room". Следното утро прво што направил било да запише неколку стихови кои веројатно му се врткале низ сонот со основна инспирација од кој знае колку пати повторуваните зборови "walking round the room". Само што зборот "room" го заменил со.. "moon".


Duran Duran - “New Moon on Monday”
Во својата биографија од 2008 година, Andy Taylor  вели: "... ова е најнеомиленото видео на групата. Сите го мразеа, особено онаа страшна сцена на крајот каде што сите играме заедно. Дури и денес, јас ја напуштам просторијата ако некој го пушти. " Се потсетува тој дека тие биле во јадно расположение бидејќи Божиќниот одмор им бил прекинат за да се сними видеото, и минале поголем дел од денот на темно и студено, во соба во која во паузите никаквото расположение го дорасипувале со прекумерно пиење до толку што одвај ги доснимиле последните сцени.