Friday, February 5, 2010

3500 емисии ЗАБОРАВИ АКО МОЖЕШ



Дами и господа добар ви ден. Јас сум Драган Б. Костиќ.

На многумина вас им ги забавуваv родителите, еве сега и вас, а што да не, ако Господ даде здравје, еден ден и вашите деца.

Забава не е само одење по жица, раскажување смешки, играње квизови, пеење, играње...Сето тоа, но и низ едукација која не заморува туку ве релаксира и предизвикува...Забава е кога си среќен со драги и задоволни луѓе околу себе, кога си почествуван, награден, што си во одредено време на одредено место.

Денес во ова време и на ова место по 3500-ти пат се емитува емисијата Заборави ако можеш.

Каде и да сте, добро нека сте

И ви благодарам ако со мене сте.

 Кога пред дваесетина години ја почнав Заборави ако можеш, и не претпоставував дека долговечноста ќе биде една од нејзините одлики.Посакував тоа да бидат квалитет, слушаност а тие пак да бидат резултат на поставените премиси - едукација, информација и забава но низ содржините на истата а не како императив. Воспоставена по предложената идеа за време на уредникот Ристо Јачев со сесрдна негова подршка, но во старт како микс на музи~ки стории и забавни настани во одредени временски периоди. Ова второто набргу беше отфрлено, задржувајки ги музичките стории како основа. А нив ги имаше...Ако во секоја емисија имало по десет ( минимум ) песни, тоа значи дека досега биле емитувани ( минимум ) 35.000 песни. Но исто и толку стории за нив и нивните изведувачи, автори или времето во кое се создадени.Да се обидете да броите до 35.000 верувам и ке се откажете бидејки веројатно устата ќе ве заболи.Јас сум малку поиздр`лив, раскажав 35.000 стории, и се подготвувам за наредната тура. Кога, ако не сега?

 На една особеност особено се гордеам по 3500 емисии. На едукативната страна на целиот проект, бидејки во него провејува историјата на популарната музика на дваесетиот век. Она што е културно наследство на планетата а чиј дел сме и ние на ова македонско поднебје. Она што би требало да го пишува во музичките учебници ( а го нема ), Заборави ако можеш на приемчив, забавен начин им го приближува на генерациите кои можеби немаат ништо заедничко со одредени периоди. Но поврзувајки такви, низ меѓусебно испреплетени стории, за временски хетерогени генерации.

 Во текот на овие дваесет години на Заборави ако можеш, почнувајки од Ристо Јачев, се менувале уредници.Љупчо Димитровски, Виолета Аларова, Владо Коробар, Надежда Пијаде ( за време чие уредникување емисијата почна да се емитува точно на пладне ) Аритон Крлиу и последниот, сегашниот, за време кој емисијата е поместена од напладне ( со што ја загуби можноста да биде емитувана и репризно во некое догледно време - точно на полноќ ), во 14 часот. Но кој и да бил уредник, забележително, заминувал. Радиото го менувало името - Втора програма, Канал 2000 Радио Херц, Радио 2, но Заборави ако можеш траела. Функциите се минливи, но квалитетот останува да живее, да трае. За несреќа на едни, за среќа на други.

 Ве секогаш секоја содржина на Заборави ако можеш била според општиот вкус, што и не е некој императив. Затоа што емисијата не е за евергрини, таква има на програмава и се вика Албатрос. Заборави ако можеш е замислена како емисија која потсетува на популарни ( не секогаш со статусот на хит ) песни од разни трендови, времиња, вкусови...Кога би сакал постојано да погодувам некого во емотивниот нерв, веројатно тоа лесно би го правел со проверени и општо знаени рефрени. Но повредно е да ги пронајдеш песните за кои некој некаде кога ќе ги слушне ќе каже - Боже, зарен некој сеуште се секава на песнава? А толку многу ја сакав...

 Лично, имам десетици емисии на најпознати радио водители ширум светот кои сведочат за нивниот квалитет, популарност, се -документарен материјал...Жалосно, но немам логично објаснување за следното - Иако речиси секоја емисија Заборави ако можеш, освен оние со посебна пригода, можат да се емитуваат во секое време, сигурен дека ќе ги задоволат стандардите и за десетина години, и што секоја од нив зборувајки за минатото е своевиден обелиск кој не морате да го светнувате за да сјаи, мноооогу мал дел од емисиите Заборави ако можеш се снимени како документ за времето, повеке за радиото одошто авторот. Верувам, тоа оди на душа на оние за кои Коперник рекол - Осредните духови обично не го разбираат оноа што ги опкружува, не го разбираат светот околу себе. Тие имаат свој свет во кој вие не припаѓате. За среќа.

 Интегралниот текст на денешната емисија Заборави ако можеш, може да се најде на мојот фејсбук профил. Кого го интересира, што е кажано, за да може да прочита доколку нешто испуштил, или не слушнал, или лошо слушнал...Заборави ако можеш исто како и Диско селектор е единствената емисија на овие простори која има и друг фоермат на постоење. Додека Диско селектор имаше свое списание, Заборави ако можеш се вика книгата како прва од серијалот со годината 1980 како почетна. За ова денешно јубилејно издание, требаШе да биде промовирана и втората книга, но некои нешта го спречиа тоа, но верувам дека многу скоро, ЗАБОРАВИ АКО МОЖЕШ - 1981 ке биде конечно објавена.Како неспоредлив документ за едно време, популарните во него, спомените кои одекнуваат. И кои, што и да се случи, не можат да бидат сменети. Колку ние и да би сакале..Она што било - било! Како предупредување на оние кои од минатото лесно се откажуваат во име на поубавата иднина. Затоа што, не заборавајте го оноа познатото - Она што сте, бевме и ние, она што сме, ќе бидете и вие!

 Заборави ако можеш никогаш не била замислена како контактна емисија иако во неколку наврати тоа и била.Како за квизот по повод одбележувањето на годишнината на македонската редакција при ББЦ но и во неколку други наврати во квизови во соработка со Југотон ( Литиум ) со стотици учесници по емисија од цела Македонија. Верувам дека добитниците засекогаш останале пријатели на Заборави ако можеш. Но не само тие. И оние другите учесници кои не се губитници. Сите добиваме, вие некој емотивен миг или неслушната сторија, сознание повеќе, јас нови пријатели со кои иако не ги познавам - другарувам. А тоа е непроценливо богатство.

 Во една прилика без желба ( или недај Боже - намера ) за самофалба (зарем би била потребна по сето - зад ова ) кажав - Кога застанувате пред трафика, застанувате најчесто за да купите дневен, неделен, ревијален или жолт печат. Кога влегувате во библиотека најчесто знаете зошто сте во неа - да одберете квалитет. Во тоа е и најчесто разликата помеѓу - условно другите , и Заборави ако можеш! Кажано, и стојам зад тоа. Верувам и предизвикувам - Правете го ова и вие другите, на овој или поинаков начин, за добро на сите нас, и оние кои доаѓаат по нас.

 Некои нешта мораат да бидат кажани за да не премолчувајки ги, бидат објавувани на други страни. Подобро на својата, колку и да пече, верувајки дека оние кои на било кој начин биле инволвирани, имале најдобри намери. Многу од таквите, заминале оставајки зад себе црно петно, кое тешко се заборава ( ако можеш ).

Кога се емитуваше 3000-тата емисија, имав замисла тоа да се изведе во некој скопски клуб ( како Хард рок или Колосеум ) да соберам популарни луѓе од сите сфери од 1950-тата па наваму, спортисти, пеачи, поранешни убавици, јавни луѓе...ама, не било време.Немаше можности, средства, немаше телефони, па емисијата не можеше ниту во живо да се изведе од било кој локалитет во градот. Денес...денес... е денес. Идеата и натаму стои, затоа што, да создадете бренд е тешко, но да го растурите е лесно.Но веројатно таквата идеа не била доволно силен предизвик, за да биде реализирана. Можеби во некое друго време. Заборави ако можеш е тука за да чека.Возовите да минуваат а таа како железничка станица да ги пречекува.Некои од нив, возовите, одат и се враќаат, некои одат само во еден правец. Нека одат...Само да не прават беља на својот пат.Тоа е судбата на минатото, сегашноста и иднината...

 Една дамнешна идеа поттикнувана од мои блиски пријатели, од ден на ден ми станува се поинтересна. Видео верзија на Заборави ако можеш. Претпоставувам дека со сиот собран материјал од околу пет илјади високо квалитетни верзии на песни од разни периоди, најголем број концертни,би претставувал основа за интересни стории филувани со голем документарен материјал, сочуван децении наназад. Згора, доколку и разни познати и непознати би зборувале за одредени периоди, па за таква прилика реоформени групи...би било интересно.Тоа е тоа што ќе биде наредниот потег под заглавието Заборави ако можеш. Верувам на многумина ќе им се допадне.

 На сите оние кои на овој или оној начин биле доблесни и ја честитале бројката 3500- им благодарам. Исто како и на неброените знаени и незнаени насекаде низ Македонија кои ставајки ми на знаење дека слушаат Заборави ако можеш, впрочем го идентификувале својот квантум, човечки, интелектуален, културен...Своето љубопитство и својот статус. На луѓе кои веруваат во иднината, ја сакаат сегашноста и го почитуваат минатото. Чие и да е...На останатите кои не спаѓаат во наброените, - не им благодарам. А можеби и треба. Заради идентификацијата. Не можеме сите да бидеме исти. Не би било интересно. Не би имало црно и бело. Со таа разлика....што цврсто верувам дека во приказнава... ние сме белото.

 Дами и господа, Денес се емитуваше 3500-тата емисија Заборави ако можеш.Скромно, мирно, како да е било која друга.Важно е дека мојата маленкост како автор е среќен заради сознанието дека ако сум усреќил барем по еден човек со секоја емисија - тоа се 3500 луѓе. А тоа не е малку! Да усреќиш денес некого е потешко одошто да му нанесеш болка. Вас, на кои евентуално сум им го направил денот поубав заживувајки некои спомени или евентуално со некое ново сознание, Ви благодарам што ми ја дозволивте таквата можност.

Со благ наклон,и должна почит кон Вашата доверба и пријателство, срдечно Ве поздравува мојата маленкост Драган Б. Костиќ.